Новинарот на шпанскиот Ел Паис, Диего Торес, односно неговата книга „Подготви се за пораз: Ерата на Мурињо“, предизика ’земјотрес’ во светот на фудбалот.

Торес во книгата пишува дека актуелниот тренер на Челзи, многу се разочарал кога Алекс Фергусон не предложил тој да биде неговиот наследник во Манчестер Јунајтед. Работата на Фергусон на крајот ја доби Дејвид Мојес.

Мурињо мислеше дека Фергусон е негов пријател, нешто како кум. Беше убеден дека ги врзува пријателство и меѓусебна доверба. Мислеше дека неговата колекција на трофеји го става на прво место, далеку пред сите останати конкуренти. Кога дозна дека Фергусон го одбрал Мојес едноставно не можел да поверува. Мојес нема освоено ниту еден трофеј“, пишува во книгата чии делови пренесува Гардијан.

Наводите во книгата веднаш ги оспорил советникот на Мурињо, Еладио Парамеш. „Приказната е бесрамна и лажна. Нема почеток, нема ниту крај“, рекол Парамеш. Исто така коментар на книгата немале ниту на „Стенфорд Бриџ“.

„Макфакс“