Португалскиот стратег Жозе Мурињо втор натпревар во низа го изостави од составот капитенот и живата легенда на Реал Мадрид, Икер Касиљас. Ако не беше Роналдо лесно можеше да се случи замената на Касиљас, Адан да биде трагичар на мечот со Реал Сосиедад, кој “кралевите“ го добија 4-3.


При водствот од 1-0 за Реал Мадрид младиот голман Адан во 9-та минута заработи црвен картон, а Реал Сосиедад го изедначи резултатот но “кралевите“ поголемиот дел од натпреварот го одиграа со десет фудбалери.

Спасител на Реал Мадрид од нова бламажа беше португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо постигнувајќи ги погодоците за победа.  Трите голови за гостите ги постигна Чаби Прието додека во мрежата на Сосиедад покрај Роналдо во листата на стрелци се запишаа уште Кедира и Бензема.

Резултати : Реал Мадрид – Сосиедад 4-3, Селта Виго – Сарагоса 3-1, Барселона – Еспањол 4-0, Мајорка – Еспањол 1-1.

Мх.П.