Во 32-та рунда од Премиер лигата, Челси претрпе неочекуван пораз 1-0 на гостувањето кај Кристал Палас. Неуспехот да се стигне до бодови за португалскиот стратег на клупата од Челси ќе значи и отпаѓање во трката за титула.

Португалскиот стратег е познат по вакви изјави бидејќи вака притисокот ќе го префрли на Манчестер Сити и Ливерпул кои се конкуренти на Челси за титулата.
До крајот на англискиот шампионат преостануваат уште шест натпревари, а тимот на Челси од 2010 година ја нема почуствувано радоста на титулата.
Мх.П.











