Актуелниот освојувач на трофејот во Копа дел Реј, Реал Мадрид потешко од очекувањата ја совлада Малага со 3-2 на првиот меч одигран на Сантијаго Бернабеу. По првиот дел “кралевите“ имаа негатива од 2-0, во вториот дел односно за десет минути Реал Мадрид го сврте резултатот во своја корист и триумфираше со 3-2.

 

 На фудбалерите измеѓу паузата од две полувремиња му реков дека ќе ги извадев сите ако можев. Тројцата фудбалери што ги извадов на полувремето (Кака, Каљехон и Арбеола) не беа нешто полоши од другите – истакна Мурињо во свој стил.

Во вторите 45 минути сликата на теренот драстично се промени, Реал Мадрид беше екипата која го диктираше темпото на игра. 


Ако можевме да играме второ полувреме вака зошто не одигравме прво ? На крајот сепак се рачуна резултатот кој е на наша страна. Пред реванш натпреварот имаме добар резултат и можеме да поминеме понатаму – заврши “специјалниот“.

 Реванш натпреварите од Копа дел Реј се играат на 10 и 11 јануар.

Видео : Реал со пресврт ја совлада Малага

Мх.П.