Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, жали што неговиот тим не забележал победа на дербито со Арсенал, но истакнал дека е презадоволен од статусот на клубот пред Божиќните празници.

Арсенал и Челзи одиграа без голови, во последниот натпревар од 17.коло во Премиерлигата, по што Ливерпул и Арсенал имаат 36 бодови, а Челзи со два бода помалку се наоѓа на четвртото место.

„Го контролиравме натпреварот, да постигневме го сигурно ќе победевме. Целосно сме во игра, за разлика од минатата сезона кога во овој период имавме 11 бодови помалку од лидерот“, рекол Мурињо.

Португалецот, меѓудругото истакнал, дека е задоволен од моментната форма во која се наоѓа неговиот тим.

„На три средби им гостувавме на директните ривали и ниту еднаш не загубивме. Божиќ нема да го пречекаме како лидери, но и понатаму напредуваме. Минатата сезона во овој период ја загубивме трката за титулата.“

Пред новогодишната серија на натпревари, голема гужва владее први врвот на табелата во Премиерлигата, првиот осум екипи ги делат само осум бодови.

„Манчестер Јунајтед и Тотенхем не се меѓу првите четири тима иако би требало да бидат. Ова е единствена ситуација, ова е неверојатно првенство, сите се во игра“, заклучил Мурињо.

 

„Макфакс“