– Моите играчи коментираа дете третиот погодок бил смешен, јас на тоа ќе додадам дека беше смешно и грагично – рече Жозе Мурињо по поразот од ПСЖ 3-1 во првиот четвртфинален натпревар и продолжи – Никако не смеевме да си дозволиме трет погодок во нашата мрежа кој дополнително ни ја искомпликува четвртфиналната задача.

Реваншот во 1/4 финалето се игра во Лондон на Стемфорд Бриџ стадион, кој бил сведок на многу магични резултатите на Челси.

– Не сме некоја екипа што постигнува многи погодоци или пак први десет шанси на натпревар. Имаме голема негатива, но сепак мораш да се надеваш и мислам дека има сеуште имаме шанси за пласман во најдобрите четири – потенцираше Мурињо.

Минатата сезона во 1/8 финалето „сините“ го загубија првиот натпревар со Наполи 3-1 на Сан Паоло, а пред своите гледачи славеа со 4-1 по продолжение и изборија пласман во следната фаза.

Мх.П.