Ѕвездата на бразилската фудбалска репрезентација и на шпанскиот шампион Барселона, Нејмар, се најде во центарот на вниманието на светските медиуми, кои го обвинуваат за симулирање.


Ваквото наводно однесување на Нејмар го критикуваа многу тренери, а последен во таа серија беше менаџерот на лондонски Челзи, Жозе Мурињо.

„Погледнете што прават Нејмар или Балотели. Тоа се работи кои водечките луѓе на светскиот фудбал мора да ги средат. Моите играчи никогаш не мамат, ниту симулираат. Ги предупредив дека мразам такво однесување“ Тажен сум поради честите симулирања на играчите. Меѓутоа, јас не сум важен, тоа е само мое мислење“, вели Мурињо.

Пред него изненадување од однесувањето на Нејмар изрази и менаџерот на Селтик, Нил Ленон, како и тренерот на Реал Ваљадолид, Хуан Игнасо Мартинез. Ленон Бразилецот го опиша како „одличен глумец“, додека слична порака испрати и Мартинез.

Шкотските медиуми по поразот на Селтик во Лигата на шампионите во Галзгов од Барселона изброија десет моменти во кои Нејмар „глумел“ во дресот на бразилската репрезентација и на Барселона. „Однесувањето на Нејмар е недостојно за фер-плејот“, порача Леноно по мечот меѓу Селтик и Барселона.

„Макфакс“