Жозе Мурињо со победата против Осасуна 4-2 ја заврши тригодинашната авантура во “кралскиот клуб“.


“Специјалниот“ во трите сезони кои ги мина на клупата од Реал Мадрид освои три титули и тоа по една во Ла Лига, Супер купот на Шпанија и Копа дел Реј.


После официјалното завршување на сезоната најтрофејниот шпански клуб ќе го соопшти заменикот на Мурињо, кој се врати во Лондон на клупата од Челси.

Резултати : Реал Мадрид – Осасуна 4-2, Барселона – Малага 4-1, Селта – Еспањол 1-0, Депортиво – Реал Сосиедад 0-1, Гранада – Гетафе 2-0, Леванте – Бетис 1-1, Мајорка – Ваљадолид 4-2, Рајо Ваљекано – Атлетик Билбао 2-2, Севиља – Валенсија 4-3, Сарагоса – Атлетико Мадрид 1-3.

Во лигата на Шампиони директен пласман обезбедија Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид додека Реал Сосиедад ќе игра квалификации. Во второто европско натпреварување по ранг ќе настапуваат Валенси и Малага.

Со победа во последната рунда се опстанок обезбеди Селта, а од “Ла Лига“ испаднаа Мајорка, Депортиво ла Коруња и Сарагоса

Мх.П.