Само една минута го делеше Реал Мадрид до триумф над ЦСКА во првиот натпревар од 18 финалето во Лигата на Шампиони. “Кралевите“ на Лужники поведоа 1-0 со погодокот на Кристијано Роналдо, радоста на “лос бланкос“ ја скрати швеѓанецот Вернблум во последната минута од судиското продолжение.


–  Не сум среќен по ваквиот исход, ама не сум ни тажен. Одигравме просечно, имавме многу шанси за втор погодок не ги искористивме и не стигна казната. Секогаш би прифатил ваков резултат по првите натпреварите во Лигата на Шампиони, но реванш мечот да го играме пред нашата публика – потенцираше “специјалниот“ Хозе Мурињо.


Реванш мечот од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони се игра на 14 март на Сантијаго Бернабеу.


Мх.П.