– Освоив седум титули во четири различни првенства, но оваа ми се чини дека беше најтешка. Најмногу им се заблогодарувам на мојата фамилија, која трпи многу за моите успеси да достигнат вакво ниво. Фудбалерите заслужуваат пречек на Сантијаго Бернабе исполнет со емоции, љубов на мечот со Мајорка – истакна “специјалниот“.
Проектот на Флорентино Перез, “лос галактикос 2“ донесе плод по тригодишна доминација на Барселона. За “кралевите“ ова е 32-та титула во шпанското првенство.