Мадрид ќе биде во центарот на вниманието. Вечерва на Сантијаго Бернабе ќе се сретнат Реал и Атлетико во рамките од 14-та рунда во “Ла Лига“.

На последниот натпревар на домашен терен навивачите на “кралевите“ со свирежи и бели знамиња го дочекаа Португалецот Жозе Мурињо. Тој пред натпреварот со Атлетико им порача на публиката дека свирежите не му сметаат само нека навиваат за нивниот Реал.

– Свирежите и белите знамиња не ми сметатаат, се е тоа во склоп на фудбалот. На теренот ќе излезам половина час порано за да можат мирно и спокојно навивачите да ми посветат внимание. Тоа ќе го прифатам спортски, но потоа нека навиваат за нивниот клуб секако Реал Мадрид – им порача на навивачите “специјалниот“ Мурињо.

Дерби пресметката во Мадрид е 22:00 часот, пред тоа Барселона на Ноу Камп го пречекува Атлетик Билбао.

Мх.П.