Португалскиот стратег на клупата на Реал Мадрид, Жозе Мурињо останува на оние две титули во Лигата на Шампиони освоени со Порто и Интер. Четата на португалецот запре пред германската машинерија, која потсети уште еднаш на каков начин се бранат боите на својата екипа.


Тажен сум поради фудбалерите, не поради мене. Одигравме фантистичен натпревар, имавме резултат кој не водеше во финалето но. . .тоа е фудбалот тоа е животот, продолжуваме понатаму. Минатата сезона, го освоивме само купот во Шпанија, оваа сезона сме на добар пат да ја покориме Шпанија, значи наредната сезонаќе биде подобра – заврши Мурињо.


Последниот пехар во Лигата на Шампиони, Мурињо го освои токму на Сантијаго Бербане, но тогаш со екипата на Интер против сега “кобниот“ Баерн Минхен.

Мх.П.