Титулата од англискиот Лига куп е прв по враќањето на португалскиот стратег Жозе Мурињо во редовите на Челси. Во финалето на Вембли „сините“ го совладаа Тотенхем со 2-0.


– За клубот ова е само уште еден куп, но прв за новиот состав. Во него ветерани се Тери, Чех и Дрогба, а сите останати се новата генерација на Челси. Затоа овој трофеј е многу важен. – рече Мурињо.

После пауза од две сезони „специјалниот“ се израдува на трофеј. Последен пат титула освои со Реал Мадрид 2012 година во Купот на Шпанија.

– Тешко живеам без титули. Морам да се хранам со нив. Тоа не е важно само поради мене туку и за играчите да видат дека работат вистински на тренинзите. – додаде Мурињо.

Мх.П.