По елиминацијата од ПСЖ, Лигата на Шампиони е минато за предводникот на Челси од клупата Жозе Мурињо. Тој сите погледи ги врти кон Премиер лигата, каде неговата екипа се наоѓа на првата позиција.


– Истиот овој тим што испадна од ЛШ е лидер во Премиер лигата и се наоѓа на добар да го освои трофејот. Исто така вреди да се напомене дека и овој тим го освои пехарот во англискиот Лига куп. – рече Мурињо како најава за дуелот со Саутемптон.

Неодминливи беа прашањата за „специјалниот“ за прераната елиминација на Челси во Лигата на шампиони.

– Ако сакате да зборувате за Лигата на Шампиони можете тоа да го правите со Арсен Венгер и Мануел Пелегрини бидејќи нивните екипи имаат најмалку по уште еден натпревар за играње. Тие ја преставуваат Англија и се надевам дека ќе поминат понатаму иако се наоѓаат во незавидна позиција. Ние за ЛШ ќе зборуваме ако триумфираме во Премиер лигата или пак бидеме на местата кои водат во групната фаза. – потенцираше португалскиот стручњак.

„Сините“ пред своите гледачи в недела ги пречекуваат фудбалерите на Саутемптон кои се борат за излез во Европа со уште пет други екипи.

Мх.П.