По поразот во првиот меч од 2-1 само победа го води Реал Мадрид на мегдан на Челзи во финалниот меч во Лигата на шампиони.


– Не барам ништо повеќе од нашите навивачи, само да им ја дадат подршката која мислат дека ја заслужуваат. Најважно е да знаете каква екипа ќе пратите на теренот кој ќе одговори на стилот на игра. Ние го браниме нашиот стил, знаеме што сакаме и како да стигнеме до тоа. – рече Мурињо, не отривајќи премногу детали за вечерашниот меч.


– Сите мои фудбалер се возбудени поради ова полуфинале, како што беа моите играчи во Интер пред полуфиналето со Барселона, пред две години. Тоа е она возбудување што го носи Лигата на шампиони. Оваа година во Мадрид се стекнав со богато искуство и тоа ме прави подобар тренер – додаде Мурињо.

Португалецот нема проблеми со составувањето на тимот. Отсутни поради повреди се само Рикардо Карваљо и Ласана Диара.

Ohridnews