Припадниците на исламската религија денес го одбележуваат Рамазан- бајрам, најголемиот муслимански празник.
– Бајрам е најголемиот празник за душата и телото во вистинска смисла на зборот, кога не постојат разлики меѓу верниците, кога се потенцира значењето на меѓусебното почитување, солидарност, убавиот збор, кога и богатите и сиромавите се изедначуваат, велат од Исламската заедница.
Денешниот празник Рамазан- Бајрам го заокружува 30- дневниот пост, кога од зајдисонце до изгрејсонце верниците се воздржуваат од јадење и пиење, лошата мисла и телесни задоволства.
Мажите одат пет пати во денот на молитва во џамиите, а главната молитва се одржува во вечерните часови и трае 50 минути.
Традицијата налага за време на постот, откако на зајдисонце ќе го чујат пеењето на оџата од блиската џамија верниците да седнат покрај убаво уредената трпеза и да го земат оброкот за тој ден.
Свечената вечера Ифтар се приредува во сите 30 денови додека траат рамазанските пости.
– Суштината на постот е сите да се еднакви, и оние кои имаат многу и оние кои се сиромави. Верата налага, во овие денови дел од подготвените јадења да се споделат со оние кои немаат средства да подготват богата трпеза, објаснуваат од ИВЗ.
Денес, по традиционалната молитва во џамија, семејството со домашните седнува на ручек. На богатата трпеза има традиционални јадења, јанија, чорби, слатки, меѓу кои и неизбежната баклава. По свечениот ручек почнува времето за пречекување и одење на гости.
Верниците меѓусебно се поздравуваат со зборовите “За многу години Бајрам”. Гостите се послужуваат со чај, сок и баклава.
Исламското учење вели дека во светиот месец Рамазан е објавена светата книга Куран.
Кој бил и кога живеел овој светител не се знае Многу се почитува на Родос и на Крит Од нашите краишта во Прилеп и Битола Во 1500 година им се јавил на некои на островот Родос и таму покажал чуда и ...
На овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Вартоломеј, додека неговиот главен празник е на 11 јуни Житие Кога овој голем апостол беше распнат на крст во Албанопол Ерменски, христијаните г...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 август и се слави споменот на Светиот свештеномаченик Евтихиј Еден од помалите апостоли, родум од Севастопол Ученик и подражател на Све...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.