Репрезентативец на Македонија, Висар Муслиу е најновото засилување во зимскиот преоден рок за есенскиот шампион во Првата лига, Шкендија.
Муслиу за да ја засили тетовска Шкендија го „издрибла“ Вардар, кој направи почетничка грешка при потпишувањето на договорот со дефанзивецот. Скопските „црвено црни“ во договорот кој бил аматерски вметнале клаузула Муслиу да не може да премине во друг македонски клуб, а ако дојде понуда од странство веднаш да биде ослободен од обврските.
Клаузулата во договорот максимално и итро ја искористи Шкендија која со помош на Фудбалскиот клуб Приштина го ангажираше перспективниот дефанзивец. Приштина со интересот за Муслиу ја активираше клузулата и после ангажманот го позајми на шест месеци во Шкендија.
Во иднина клуб од рангот на Вардар не смее да дозволува вакви киксови во правните работи кои одат на штета на екипата.
OhridNews