Зградата во која е предвидено да биде сместен „Музејот на Плаошник“ веќе започнува да ја добива својата предвидена форма. Градежните активности за изградбата на овој објект, кој е дел од проектот за возобновување на „Светиклиментовиот универзитет“ тече по предвиденото темпо.
Според планираното, во овој музеј ќе бидат изложени музејските предмети откриени при повеќегодишните археолошки истражувања на просторот, највредните икони од Галеријата на икони, епиграфските споменици, старите ракописи, а ќе има и сала за изложби. Во рамки на објектот планирано е да има и музејска продавница и музејско бифе.
Веднаш до музејот ќе биде сместена зградата, наменета за „Светиклиментовата библиотека“ и „Центарот за хуманистички науки“. Од источната страна на црквата на „Плаошник“ се градат „Манастирскиот конак“ и Резиденцијалниот објект на МПЦ, а од северозападната страна на археолошкиот комплекс планирано е да биде сместен „Богословскиот факултет“.
OhridNews