„Годинава, кога се одбележуваат 5 години успешна соработка Со посебна чест и огромно задоволство овој мал јубилеј , но многу значаен за Фестивалот годинава ќе се одбележи со гостување на уметникот кој ќе даде посебен допринос не само на ова 53-то издание на Фестивалот туку воопшто во целокупната фестивалска историја. За прв пат на Фестивалот настап на големиот виртуоз на хармоника и бандонеон Ришар Галијано, големиот пријател на Пијацола. Галијано е голем уметник кој успеа хармониката и бандонеонот да ги донесе од поп музиката во разнобојниот свет на класичниот оркестар. Концертот на кој ќе настапи заедно со Тангариа Љуартет , е насловен како „ Вечер на танго“- изјави селекторот на музичкиот дел од програмата Гордана Јосифова Неделковска.
Ришар Галиано во текот на својата долга музичка кариера, со карактеристичната јужнофранцуска Joie de Vivre разви еден оригинален музички јазик, спојувајќи ги „новиот мизет“, Танго нуево, силата на духовноста на Колтрејн и влијанието на постојано присутната француска традиција на медитерански шансони. Инспириран и восхитен од својот пријател Астор Пјацола, креаторот на Танго нуево, Галиано успеа не само да го направи ова, туку со својот стил на „новиот мизет“ да вдахне нов живот во целата француска традиција, која изгледаше како да има застанато на едно место.