Со интернационалната вечер денеска ќе биде затворено 21-вото издание од фестивалот „Охридфест-Охридски трубадури 2014“.

Покрај домашните изведувачи и групи, вечерва ќе настапи интернационалните ѕвезди меѓу кои изведувачка Хелена Благне, Игор Цукров од Хрватска, Бојан Маровиќ од Црна Гора, Романа Паниќ од Србија, Надја Захор од Грција, Устата од Бугарија и Аристос Константину од Кипар.

Покрај МРТВ која ги има ексклузвините права за директен пренос на фестивалот, истиот ќе биде пренесуван и од Турската радио телевизија, националниот сервис „ТРТ“, како и други странски телевизии, меѓу кои и националната „ТВ Шансона“ од Русија, „Коперникус“, „Свет +“ и „Белла амие“ од Србија, „Визион“ од Албанија, „Хајат Телевизија“ од Босна и Херцеговина, „З1 Телевизија“ од Хрватска, „Балканика“ од Бугарија, „Атлас“ од Црна Гора и други.

OhridNews