Музичко уживање вечерва со мандолинскиот квартет „Стоби“ од Сплит во 18 часот во салата на ООМУ „Методи Патче“. Публиката ќе може да слушне изведба на македонски народни и хрватски традиционални песни под водство на професорката Ивана Кенк Калебиќ. Во програмата ќе се вклучат и ученици од ООМУ „Методи Патче“ и ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“ од Струга.

Квартетот „Стоби“ го сочинуваат, Никола Митревски (мандолина), Мате Кошутник (мандолина), Луција Мајиќ (мандола) и Лука Елез (гитара).

Македонското културно здружение „Стоби“ преку културно-уметничка турнеја од денес до 17 октомври ќе го претстави проектот „Смош“ преку настапот на мандолинскиот квартет „Стоби“ во Македонија, каде покрај Охрид предвидени се и гостувања во Штип и Скопје.

Квартетот претходно биле познати под името „Клинци Мандолинци“, а активни се веќе шест години во рамки на културното здружение „Стоби“.

Инаку, проектот во рамки на кој се реализира турнејата има цел низ уметноста да реализира мултикултурно образование и демократски развој преку поврзување на пријателските народи на Хрватска и Македонија.

OhridNews