Музика, подароци од Дедо Мраз и дружење имаше на предновогодинешната забава која ја организираше Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ заедно со Општината Охрид.
– Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ оваа година со свои содржини се приклучува кон богатата новогодишна програма која ја организира Општина Охрид. Ние како претпријатие секогаш ќе им излегуваме во пресрет на децата за сите манифестации, независно од каков каракетер се тие. На сите граѓани на Охрид и Република Македонија им ги честитам новогодишните и божиќните празници и им посакувам многу здравје и среќа во новата 2014 година. – рече директорот на Ј.П. „Билјанини Извори“, Ристе Мишев.
На предновогодишниот музички хепининг настапија ѕвездите од фестивалот Распеано Рибарче, балетското студио Визави, најмладите членови од Ансамблот Билјана и дечињата од градинките Јасна Ристеска и Росица.
За изненадување на многуте присутни дечиња се погрижи Дедо Мраз, кој им подели подароци на сите посетители на музичкиот хепенинг.
Ohridnews