Со музички перформанс на учениците од ДМУ „Тодор Скаловски-Тетоец, успешно реализиран проектот на Здружение „ТАКТУС“ од Охрид, „Еволуција на музиката од среден век до денешно време“ финансиран од ЕУ преку Локална Агенција за развој Струга и ЗГ Креативни и активни Струга, а во рамките на проектот „Декада на припадност-славење на различностите“.

– Со овој музички настан покажавме одличен пример за меѓуетничка соработка, комуникација, дружење, рушење на секакви бариери помеѓу учениците, но и помеѓу наставниците и учениците. Уште еднаш потврдивме дека музиката секогаш била и ќе биде универзален јазик за сите народи, култури и вери, вели Снежана Караџовска-Попова, координатор на проектот.

Едно и пол часовниот настан претстави интересен времеплов на музичката еволуција од времето на средниот век со акцент на духовната музика, па се до денешно време во коешто на интересен начин беше претставено авангардното дело на Американецот Џон Кејџ со познатото дело „4,33“, во кое е претставена 4-минутна тишина како екпериментален израз за звукот во 20 век. Интересно во овој музички времеплов беше и костимографијата. Настанот беше заокружен со настапот на сите учесници заедно со менторите на овој проект, проф. Снежана К. Попова и Биљана Николоска, со body percussion изведба на познатиот Валцер бр.2 од Шостакович.

OhridNews