Министерството за внатрешни работи апелира да нема никакво насилство на протестите што секојдневно се организираат нив повеќе градови во Македонија.
„Секој има право да го изрази својот револт и незадоволство, но тоа мора да биде ненасилно, мирно. Да не се уништува имотот, без разлика дали е државен или приватен. Да не се напаѓа полицијата затоа што таа е тука да ја чува безбедноста и стабилноста“, се вели во апелот од МВР.
Во него се бара граѓаните да ја третираат македонската полиција како партнер, како чувар на нивната безбедност.
Инаку денеска во Охрид со почеток во 18 часот, во организација на граѓанското движење „Протестирам“ ќе се одржи мирен протест, на кој граѓаните ќе имаат можност да го изразат своето незадоволство од моменталната состојба во Македонија и одлуките на актуелната власт.
Освен во Охрид, Граѓанското движење „Протестирам“ деновиве организираше протести во Скопје, Битола, Куманово, Велес, Штип, Прилеп и Струмица.
OhridNews