МВР безмилосно ќе интервенира во случај на немири на Кале
19.02.11 09:00
Полицијата безмилосно ќе реагира и најостро ќе ги санкционира учесниците во евентуалните немири кои на социјалните мрежи се најавуваат за викендов на скопско Кале, предупреди министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
– Во изминатите неколку дена се обидов преку директни контакти, преку обраќања до јавноста да апелирам до сите оние кои се уште размислуваат дали да се вклучат во настани каде би можеле да ескалира насилство да се откажат од вакви намери, бидејќи безмилосно ќе реагираме на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир и за загрозување на безбедноста на граѓаните на Република Македонија, изјави вчера во Скопје министерката Јанкуловска.
Таа истакна дека во МВР не бил најавен протест, односно полицијата немала добиено известување за евентуално собирање на скопското Кале.
Минатата недела на скопското кале дојде до судир на поддржувачите и противниците на изградбата на црквата-музеј, што ги подгреа националистичките страсти во земјата.
На 12122025 година во 23:30 часот, на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ во Охрид, приведено е 53-годишно лице од Охрид При извршен преглед од страна на полициските службеници од криминалисти...
На 12/13122025 година, при вршење на патролна служба во водите на Охридското Езеро во близина на селото Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, про...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 150 метри има во Кичево и Ботун, информира ЈП „Македонија пат“ &nb...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.