-Дозволете надлежните да го завршат увидот, по што ќе бидат соопштени сите детали за автобуската несреќа што се случи попладнево на автопатот Скопје – Тетово, во која загинаа тринаесет лица, со ширење на шпекулации само штета се нанесува, изјави вечерва портапаролот на МВР Тони Ангеловски

Тој истакна дека истрагата е во тек и дека веќе е направен разговар со возачот, но се’ уште е рано да се изнесат било какви детали за несреќата.

Автобусот кој се преврте е на комапнијата „Дурмо Турс“ од Гостивар и превезувал жители на Гостивар, главно вработени во Скопје, кои се враќале дома од работата или студии.

Идентификацијата на жртвите е во тек.

OhridNews