Денес, во присуство на премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ги промовира новите возила на МВР, 150 „ Шкода јети“ кои ќе ги заменат полициските „ крајслери“ кои се користеа повеќе од 12 години.


Секој од секторите за внатрешни работи е предвидено да добие дел од новите набавени возила за кои Јанкулоска потенцира дека се многу поекономични ,со просечна потрошувачка од околу 6 литри со дизел мотор.

Дел од старите „крајслери“ кои се во подобра состојба и понатаму ќе служат за потребите на МВР, а за останатите ќе се објави продажба.

OhridNews