Специјалната единица на Министерството за внатрешни работи ги спречи разлутените навивачи на Вардар по елиминацијата од Купот на Македонија да се пресметаат со фудбалерите пренесува веб порталот Мкд.мк.

Непреминлива пречка за “црвено црните“ во 1/2 финалето од купот беше екипата на Шкендија, која со “правилото гол во гости“ обезбеди пласман во финалето.

Шкендија во златниот медал во Купот ќе се бори со градскиот ривал Тетекс на 22 мај на националната арена “Филип Втори“.

Мх.П.