
– Буквално на ниту едно гласачко место низ целата држава не се регистрирани никакви посериозни проблеми, ниту пак имало нарушување на процесот на гласање. До овој момент до регионалните штабови и до републишкиот штаб на Министерството за внатрешни работи, како и до полициските службеници кои од утрово се распоредени на терен, нема ниту една посериозна пријава или барање за асистенција од избирачките органи, политичките партии и невладините организации, велат од МВР.
Оттаму, додаваат дека припадниците на министерството остануваат на терен се до завршување на гласањето.
OhridNews











