
За кратко време со скутер дошол неговиот брат кој бил на иста возраст и тогаш настанала меѓусебна тепачка. Во еден момент А.Е. извадил нож со кој замавнал и го повредил малолетникот нанесувајќи му посекотина во пределот на левата страна на градите. Потоа А.Е. со ножот го прободел и неговиот брат, кој предходно дошол со скутер, во пределот на десната страна на градниот кош, при што истиот паднал на асфалтот и починал. Од екипа на ИМП констатирана била смрт.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на обвинител, телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција. Во ПС-Ѓорче Петров приведен е Е.А. за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.
OhridNews











