Изминатава недела, спроведена е дисциплинска постапка против 15 лица вработени во Министерството за внатрешни работи. Донесени се решенија против оние полициски службеници, кои прекршиле дел од членот на Колективниот договор на министерството.

Меѓу прекршоците на полициските службеници се неизвршување увид при сообраќајни несреќи, физички напад над лице, движење со приватно возило, еден вработен бил затекнат како извршува бесправна сеча на дрва, додека друг бил под видно дејство на алкохол.
OhridNews












