МВР ќе превземе мерки за расчистување на прекинатиот меч меѓу Ринија и Охрид од Првата ракометна лига одигран во саботата во Скопје. Во редовниот билтен, МВР излезе со соопштение за случајот :


“На 24.11.2012 година околу 16,15 часот во Скопје, на ул.„Коста Абрашевиќ“ бб, во спортската сала во ОУ „7-ми Март“, за време на ракометен натпревар помеѓу РК „Ринија“ Скопје и РК „Охрид“ Охрид, дошло до обостран прекршок помеѓу играч од гостинската екипа, К.А.(21) од Охрид, и играч од домашната екипа. Домашниот играч револтиран од прекршокот физички го нападнал К.А. со тупаница во пределот на брадата, нанесувајќи му повреди во вид на црвенило и оток. По настанот натпреварот бил прекинат. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.”

Охриѓани немаат убави спомени од мечевите со Ринија. Лани гостите во Охрид прво испровоцираа прекин, па ја напуштија салата, додека на гостувањето во Скопје “играа“ ножеви во триумфот на домаќините.

извор “Мвр“