Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со сообраќајните незгоди предизвикани од лицето дополнителниот зсмерник министер Диме Спасов и му поднесе три пријави. Детаљите на прес конференција денеска ги соопшти министерот Оливер Спасовски.

„Во периодот од 28.10 до 01.11.2016 година, СВР Скопје ги презема сите мерки и активности за целосно утврдување на состојбите, но и причините за сообраќајната незгода случена на 28.10.2016 година, во која учествувало лицето Д.С. Притоа се  разгледани сите прибрани доказни материјали од превземените увидни дејствија од страна на Одделението за увиди на сообраќајна незгода и останатиот службен материјал изготвен од страна на сите полициски службеници кои преземале мерки по случената незгода. Имајќи го во предвид фактот дека сообраќајната незгода е случена под околности кои во голема мерка ја попречиле работата на увидната екипа од Одделението за увиди на сообраќајни незгоди за утврдување на фактичката состојба, беа отворени повеќе прашања за утврдување на сообраќајната одговорност на учесниците во сообраќајната незгода. Најголемите тешкотии се заради тоа што во двете сообраќајни незгоди предметното возило е изместено од местото на настанот и тоа предизвикува проблеми во вршењето на увидот. Меѓутоа, недвосмислено е утврдено дека моторното возило „Фолксваген Туарег“, кое ги предизвикало незгодите било управувано од Д.С.. Констатирано е дека во двата случаи тој со возилото го напуштил местото на сообраќајните незгоди и истиот при организирањето на потера по предметното возило од страна на службите ангажирани и вклучени во потерата, не ги почитувал дадените знаци и наредби дадени од униформирани службени лица за застанување на возилото“, рече министерот Спасовски.

Од утврдените факти и докази, соопшти министерот Спасовски, од страна на Одделението за увиди на сообраќајни незгоди до надлежниот Суд, ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка против Д.С., кој постапил спротивно на одредбите од следните членови од ЗБСП и тоа:

1.   Член 215 став 1, алинеја 1 и 3, а казниво по став 5 (напуштање на местото на сообраќајната незгода и неизвестување на МВР и да се врати на местото до доаѓање на полицискиот службеник кој врши увид);

2.   Член 211 став 1, а казниво по став 4 (не постапил по барањата изразени со помош на знаци или по наредба на униформираните полициски службеници); и

3.   Член 33 став 1, а казниво по став 5 (не ја приспособил брзината на движење на возилото кон својствата и состојбата на патот, видливоста, прегледноста, атмосферските услови, состојбата на возилото и товарот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, на начин да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка што под дадените услови може да ја предвиди).

Диме Спасов кој со службеното возило Туарег на Агенцијата за вработување направи две сообраќајни несреќи и избега, по пет дена молк денеска се огласи во интервју за Тв Нова, каде истакна дека тој бил под закана од лица кои го бркале со пиштоли. Тој истаклна дека бил жртва на криминално полициска местенка која му нанела штета на угледот.

Верзијата на Спасов ја демантира писмениот исказ на сопатничката на дополнителниот заменик министер критичниот ден, која не навела дека некој им се заканувал, велат од МВР. Министерот Оливер Спасовски рече дека лицата од возилото кое според осомничениот дополнителен заменик мистер го бркало, веднаш откако во нив удрил туарегот на Агенцијата за вработување го пријавиле случајот на 192 и биле на линија со операторот на МВР повеќе од седум минути односно до запирањето на возилото кое ја предизвикала сообраќајката од полицијата, за што постои аудио запис.

OhridNews