Мотив за убиството и самоубиството што вчера се случи во близина на стадионот „Грашница“ во охридската населба Воска најверојатно е несогласување околу љубовната врска, покажала првичната истрага на полицијата, соопшти МВР.

“Вчера 13,55 часот, на м.в. „Градска плажа“ во близина на брегот на Охридското езеро, Зоран Т.(43) од с.Лескоец- охридско (кој  инаку  бил на привремена работа  во САД), со два истрели од пиштол „застава“ кал.7,62 мм ја лишил од живот Жаклина Т.(42) од Охрид, а потоа еден истрел си испукал во пределот на главата и на пат кон Медицинскиот Центар во Охрид им подлегнал на повредите. Извршен е увид на местото на настанот,  а од  досега преземените мерки мотив за убиството и самоубиството најверојатно е несогласување околу нивната љубовна врска“, се вели во официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи.


Сега веќе починатиот Зоран, инаку велешанец по потекло, долги години работеше како менаџер во неколку хотели на ривиерата. Последните три години, работел во САД, а искуството оттаму го презентираше во локалната изборна кампања која е во тек. Починатата е сопруга на  сопственик на познат синџир бутици од Охрид. Според првичната истрага на полицијата сега покојните биле во врска која завршила трагично.

Ohridnews