
Според информациите од МВР на колегиумот било констатирано дека во моментов не постои конкретна закана по безбедноста на граѓаните на Република Македонија и биле донесени повеќе заклучоци коишто ќе бидат веднаш реализирани.
-Меѓудругото, ќе биде зајакната безбедноста во и околу објектите кои се во функција на полицијата; ќе бидат зајакнати мерките и активности при обезбедување на јавни собири и спортски манифестации на кои има присуство на поголем број на граѓани; како и зајакнување на контролата над мигрантите кои остваруваат влез во Република Македонија, а посебно во привремениот транзитен центар во Гевгелија како и на северната и јужната граница опфатени со Одлуката за прогласена кризна состојба, стои во соопштението од МВР.
Исто така на колегиумот на МВР покрај низата оперативни активности во функција на поголема ефикасност и мобилност на полицијата и другите надлежни служби, за чие што итно спроведување се задолжени организационите единици при министерството, било заклучено да се преземат дополнителни мерки и активности за обезбедување на личности и витални објекти кои ги обезбедува Министерството за внатрешни работи.
OhridNews











