МВР на денот на изборите ќе ги обезбедува 2976 – те избирачки места од 06-19 часот, односно се до целосно завршување на гласањето и на работата на Избирачките одбори и ќе се превземат сите неопходни мерки за отстранување на потенцијалните закани по безбедноста во овој период, најави МВР.

Оттаму информираат дека сите граѓани кои евентуално изгубиле или немаат биометриски личен документ неопходен за гласање, дека за истиот ќе може да аплицираат иво сабота. Имено Управните служби на МВР во текот на денешниот ден, низ цела република ќе примаат и ќе ги одобруваат барањата од 08.30 часот до 16.30 часот. Граѓаните кои денес ќе аплицираат или кои аплицирале претходниве денови, ќе можат личните документи да ги подигнуваат и во недела бидејќи на 24-ти предвидено е да работат сите Управни служби да работат од 07.00 часот до 19.00 часот, но само за издавање документи, со исклучок на Скопје каде што и во недела ќе може во итна постапка да се аплицира.

Од МВР со апел до граѓаните и политичките партии да покажат висока свест и да не дозволат да бидат вовлечени во какви било изборни инциденти или нерегуларности, бидејќи, како што се посочува, нема да се толерира никаква узурпација или нарушување на изборниот процес.

Во рамки на подготовките за овие избори, Министерството веќе изготви мапа со места со зголемен ризик од тензии врз база на инцидентите регистрирани во претходните изборни циклуси и врз база на оперативните сознанија и информации.

Тоа што посебно треба да се нагласи дека за жал учесници во претходните изборни нерегуларности биле и 30 членови на избирачки одбори, најчесто како сторители на кривични дела „повреда на избирачко право“ и „злоупотреба на избирачко право“, од кои 16 од женски пол, а 14 од машки пол. Од нив 23 лица биле членови на избирачките одбори, четворица претседатели на избирачки комисии, а тројца заменици-претседатели. Според местото на вршење на должноста најмногу се од подрачјето на Тетово-15, девет лица се од Дебар и шест се од Охрид. Покрај нив, во изборните инциденти учествувале и двајца овластени набљудувачи, од подрачјето на Тетово и Скопје, информираат од МВР

Во изборните инциденти исто така учествувале и пријавени се и 12 припадници на полицијата, најчесто за извршени кривични дела „спречување на избори и гласање“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Инаку, најмногу полициски службеници се од подрачјето на Тетово-седум, двајца се од Гостивар и по еден припадник од Скопје, Дебар и Струмица.

OhridNews