Министерството за внатрешни работи објави оглас за вработување на 50 лица од различни профили, со високо образование или најмалку 240 кредити според ЕКТС.
На огласот се бараат седум извршители со завршено образование од областа на информатичка технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција, четири извршители со завршено образование од областа на телекомуникациите, по десет извршители со завршен Природноматематички факултет и Факултет за безбедност, потоа двајца со завршен Природноматематички факултет -насока физика, еден извршител со завршен Машински факултет -насока моторни возила и по осум извршители со завршен Правен факултет и Економски факултет -насока банкарство и јавни финансии.
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови: да е државјанин на РМ,да е полнолетен, а да не наполнил 30 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место за кое е предвидено високо образование, да е здравствено и психофизички способен и со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност, познавање на англиски јазик додека познавање на други светски јазици се смета за предност и познавање на работа со компјутери.
Постапката за селекција на кандидатите ја спроведуваат Комисии за селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи, а селекцијата ќе се спроведува по пат на тестирање за нивната стручна оспособеност за делот во кој аплицирале.
OhridNews