В операцијата на специјалните тимови на косовската полиција, во населбата Sunny Hill во Приштина, синоѓа околу 19 часот приведени се лицата  Африм Исмаиловиќ. (33) и  Алил Демири. (28) двајцата од Скопје, главни осомничени за петкратното убиство што минатата година се случи кај Смилковското езеро, потврди денеска МВР.  

-Утринава од косовска страна беа испратени отпечатоците на приведените и
врз основа на направените проверки во нашите бази може да потврдиме дека
се работи за двајцата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското
езеро, односно случајот „Монструм“, кои македонската полиција ги бараше
со меѓународна потерница преку Интерпол. Во најкус можен рок ќе биде отпочната и спроведена процедурата за нивно екстрадирање. – соопшти МВР.

На двете лица, им е одреден екстрадиционен притвор во траење од  48
часа. Во овој период тие ќе бидат изведени пред судија во Основниот суд
во Приштина.

При претрес на становите каде престојувале осомничените било пронајдено и оружје кое е предадено на натамошно вештачење.

Веднаш по спроведената акција на косовската полиција, бил остварен телефонски разговор помеѓу министрите Јанкулоска и Реџепи, во кој шефицата на македонската полиција му изразила благодарност на косовскиот колега за реализираната акција и соработката во целиот случај.

OhridNews