Од министерство за внатрешни работи денес информираат дека безбедносната состојба во централното градско подрачје на Скопје, околу и во собранието е нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир. Поради претходната севкупна безбедносна состојба МВР-СВР Скопје ќе преземе дополнителни мерки и активности со цел заштита на сигурноста на граѓаните, објектите и обезбедување стабилна и поволна безбедносна состојба.
Минатата вечер, до 23.30 часот во Градската општа болница 8-ми септември, Градска болница Св Климент Охридски и Клинички Центар лекарска помош побарале 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца пратеници. Дополнително во Касарната Ѓорче Петров лекарска помош укажана е на уште седум лица.
Во моментов во Собрание на Македонија нема повеќе граѓани, а граѓаните кои протестираа се надвор од собранието.
OhridNews