Избраните кандидати ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи. По завршување на основната обука, кандидатите за полицаец ќе склучат договори за вработување во Министерството за внатрешни работи.
Меѓу другото, кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да се државјани на Република Македонија, полнолетни, да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование, да се здравствено и психофизички способни, со определена висина, како и со правосилна пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Заинтересираните кандидати од Охрид потребните документи за пријавување ќе треба да ги поднесат лично во Сектор за внатрешни работи Охрид.
Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец, формирана од страна на министерот и истата ќе се спроведува во неколку фази.