На 18.08.2025 околу 12:50 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Слечиште“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20-годишно лице од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од 52-годишно лице од Сојузна Република Германија.

Од здобиените повреди, на местото на настанот починал 52-годишниот возач, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. 20-годишниот возач и неговиот сопатник, 19-годишно лице од с.Лескоец, охридско, биле пренесени во Клиничката болница Битола, каде што кај возачот лекар констатирал смрт, додека кај сопатникот биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Ресен, информираат од МВР.

На 18.08.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, после влез за с.Ботун, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 50-годишно лице од Холандија, товарно возило „ман“ со приклучно возило „кроне“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишно лице од с.Студеничани, скопско, патничко возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 74-годишно лице од Скопје и патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 48-годишно лице од с.Лескоец, охридско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле 74-годишниот возач на возилото „мицубиши“и неговата сопатничка 71-годишна, додека со телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „рено“, 48-годишна од с.Лескоец, охридско, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, додаваат од МВР.

OhridNews