МВР со посебни безбедносни мерки пред натпреварот Македонија – Србија
15.10.12 14:40
Министерството за внатрешни работи информира дека во вторник ќе бидат превземени посебни безбедносни мерки околу Националната Арена „Филип Втори Македонски“ поради одигрувањето на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Србија.
Српскиот фудбалски сојуз известил дека нема да има организирано патување за навивачките групи, но поради тоа што се работи за меѓународен натпревар, МВР го третира како натпревар од висок ризик.
Меѓу другото, во рамки на сообраќајниот режим, во вторник од 12:00 часот ќе биде затворен сообраќајот од крстосниците на улиците „Ленинова“ и „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ кон фудбалскиот стадион, и ќе бидат пропуштани само возила со посебни пропусници.
Исто така, во тој период ќе биде расчистен сообраќајниот и паркинг просторот во непосредна близина на стадионот. Во периодот, од 17:00 часот ќе бидат сообраќајно регулирани и приодите од булеварот „Илинден“ кон националната арена, односно ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници и други итни потреби.
МВР апелира до граѓаните, особено оние коишто со возила ќе се упатуваат кон националната арена, во посочениот период од 17:00 часот да ги почитуваат сообраќајните правила и да ги паркираат своите возила на дозволени паркинг простори.
Инаку, согласно постоечкиот Договор за полициска соработка меѓу македонското и српско МВР, во Скопје се пристигнати и четворица службеници на полицијата на Србија.
Петта победа во низа за фудбалерите на Охрид На денешниот натпревар против екипата на Скопје извојуваа победа со резултат 1:0 Стрелец на голот за екипата на Охрид Лихнидос беше Иван Глигоров Натпр...
Во спортската сала „Билјанини Извори“ синоќа со одлична атмосфера и голема спортска енергија заврши уште едно успешно издание на турнирот во футсал Ohrid FREED 2025 Финалната вечер, која се одржа в...
Одиграно петтото коло од V Општинско првенство во шах „7 Ноември 2025“ кое се одржува во просториите на ШК Ласкер Охрид во ООУ Братство Единство Охрид На истото учествуваат 24 шахисти од Охрид и Ст...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.