Министерството за внатрешни работи одлучи да набави две специјални возила „цистерни“, кои ќе бидат користени во случаи на нарушување на јавен ред и мир од поголем обем, односно растерување толпа при поголеми нереди и демонстрации.

Како што информираат од ресорното министерство, постапката за набавка на овие две возила е набавена на 16-ти овој месец.

Специјалните возила содржат резервоари за вода од некоридирачки материјал со цел да се овозможи транспорт на вода за пиење, резервоари за течна ЦС материја(солзавец“, боја и пена.

„Цистерните“ имаат систем за самозаштита од долната страна на секое тркало, како и систем за заштита на возилото од луѓе.

Исто така, возилата содржат еден или два топа чие управување е автоматско со покривање на целиот радиус околу возилото, со вградена заштитна камера во спрега со водениот топ и заштитна камера од задната страна на возилото.

Инаку, набавката на овие возила доаѓа врз база на анализа на потребит како сугестиите од праксата која ја имаат полициите од ЕУ при постапување во случаи на нарушување на јавен ред и мир од погоем обем.

OhridNews