Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 15-ти до 21-ви декември 2025 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведување на зајакнати акциски сообраќајни контроли по повод Европската недела на контроли.

Акциските активности, како што информираат од МВР, се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторно возило под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди.

Имајќи предвид дека, се наоѓаме во период на верски и предновогодишни прослави, кога е зголемен ризикот од управување возило под дејство на алкохол и психотропни супстанции, сообраќајната полиција ќе презема засилени контроли и превентивно-репресивни мерки на патиштата низ целата држава, посочуваат.

Воедно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат кон зачувување на сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

OhridNews