МВР соопшти детали за тепачката на плажата Горица 3
22.07.17 17:08
На 21.07.2017 година околу 10,30 часот во Охрид на плажата „Немо“, настанала расправија и тепачка помеѓу 57-годишно лице од Охрид, кое стопанисувало со тобоган и шанк на плажата и 33-годишно лице од с.Прељубиште-Тетово, вработен на шанк со кој стопанисува 52-годишен охриѓанец. Потоа во 11,45 часот, лицето Прељубиште, заедно со 52-годишниот охриѓанец сопственик на шанкот на кој работел и уште едно 39-годишно лице од с.Студеничани-Скопје, дошле на локацијата со која стопанисува сопственикот на тобоганот, каде биле присутни и едно лице од Велгошти и уште двајца охриѓани, кои физички биле нападнати. При тоа лицето од Студеничани употребило нож, а 52-годишниот сопственик на шанк дрвена летва.
Во нападот едно од нападнатите лица се здобило со расекотина во пределот на градите, друго со расекотини на главата и левата подколеница, а уште едно со расекотина на левата рака. Повреди им се констатирани во Општа болиница-Охрид, каде им била укажана медицинска помош. За настанот е запознат јавен обвинител, а сите горенаведени лица се повикани во Полициска станица-Охрид. По целосно расчисување и документирање на настанот, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.
Припадници на резервниот состав при СВР Охрид утре, недела, 25 октомври, од 8 часот ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид Од СВР Охрид информираат дека п...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од село Ботун, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против 45-год...
По ставањето во функција на системот „Безбеден град“ во Охрид на 12 октомври, граѓаните реагираа на начинот на кој функционираат семафорите на улицата „Железничка“ Возачите укажуваа дека светлосна...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.