Со цел сузбивање на организирани криминални групи за улично дилерство на дрога, Министерството за внатрешни работи по претходно изготвен план за преземање на мерки и активности во рамки на оперативното истражување “МРЕЖА” во петокот извршило претреси на повеќе локации и тоа, во Прилеп, Битола и Скопје при што е сузбиена организирана криминална група која на национално ниво се занимавала со продажба на наркотични дроги а при реализицијата на случајот запленети се околу 700 грама хероин, 250 грама кокаин, помеѓу 8-10 кг марихуана, 570 таблети екстази од слобода се лишени шест лица, додека две лица во моментов не се достапни на органите на прогон и по истите интензивно се трага. 

Како што информира МВР, од страна на ОСОСК до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против лицата Д.В. (41), Н.Х. (43), Е.З. (44), М.К.(30), М.С. (37), Ф.П. (27), И.Т. (29) и В.В. (39) за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик. Додека за лицето Н.Х. ќе биде пријавен и за сторено кривично дело – “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 и В.В. за сторено кривично дело – “перење пари и други приноси од казниво дело “ казниво по член 273 од КЗ на РМ. 

Лицата се изнесени пред Судија на претходна постапка при што за пет лица е одредена мерка притвор во траење од 30 дена и за едно лице е одредена мерка домашен притвор, соопшти МВР

OhridNews