Македонското министерство за внатрешни работи денеска во Охрид ќе го преземе претседавањето со „SEPCA“ – Асоцијација на директорите на полициите од земјите на југоисточна Европа).
На состанокoт на Извршниот одбор на „SEPCA“ во Охрид, на кој учествуваат челните луѓе на полициите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и на Македонија, денеска ќе се расправа околу статусот на набљудувачите во мисијата ЕУЛЕКС на Косово.












