
„Во контекст на погоре наведеното, Министерството за внатрешни работи на РМ, укажува дека
– Диме Спасов-актуелниот дополнителен заменик министер во МТСП на РМ со службено возило на Агенцијата за вработување, надвор од работното време во петок на 28 . 10 . 2016 година предизвика собраќајна незгода, и на двапати го напушти местото на настанот.
– Диме Спасов – актуелниот дополнителен заменик министер во МТСП на РМ не ги почитуваше наредбите и знаците на униформираните лица за застанување на возилото.
– Диме Спасов – актуелниот дополнителен заменик министер во МТСП на РМ се оддалечи, односно избега од службените лица, и во ПС Карпош се појави да даде исказ, 24 часа по извршување на делото
– Диме Спасов – актуелниот дополнителен заменик министер , заедно со лицата кои се обидуваа да го заштитат, неколку пати ги менуваа изјавите во врска со настанот.
– Диме Спасов – актуелниот дополнителен заменик министер во МТСП на РМ, е лицето кое ќе биде гонето за прекршување на три члена од ЗБСП и тоа:
1. Член 215 став 1, алинеја 1 и 3, а казниво по став 5 ( (напуштање на местото на сообраќајната незгода и неизвестување на МВР и да се врати на местото до доаѓање на полицискиот службеник кој врши увид);
2. Член 211 став 1, а казниво по став 4 (не постапил по барањата изразени со помош на знаци или по наредба на униформираните полициски службеници); и
3. Член 33 став 1, а казниво по став 5 (не ја приспособил брзината на движење на возилото кон својствата и состојбата на патот, видливоста, прегледноста, атмосферските услови, состојбата на возилото и товарот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, на начин да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка што под дадените услови може да ја предвиди).
Диме Спасов е се уште актуелен дополнителен заменик министер на МТСП на оваа држава.
Министерството за внатрешни работи сега и во иднина ќе работи професионално, со почитување на сите стандарди, со цел да се казнат сите што ги кршат законите без разлика која функција ја вршат во моментот и на која политичка опција припаѓаат. Законите мора да важат подеднакво за сите.“ – се вели во соопштението на МВР.
OhridNews
					



							






