Месната заедница од с. Трпејца бара просторот околу параклисот на Св. Јован каде деновиве беше урната бесправна градба да се врати во првобитна состојба. 
– Беа пресечени столетни борови и кедар, бисерната плажа беше покриена со бетон, искршен беше вековен камен . Очигледно надлежните треба да се потрудат и да им наложат на бесправните градители тоа да се среди  и просторот да се врати во првобитната состојба, велат од МЗ Трпејcа.
Оттаму обвинуваат дека не престануваат притисоците врз членовите на Месната заедница. За форма на притосок тие го сметаат уништувањето од страна на непознат сторител на триесеттина четиригодишни стебла од сливи, бадеми и цреши во нивата на Ристо Климоски, ескпониран член на МЗ во случајот со дивите градби во Трпејца. Од МЗ  се надеваат дека надлежните служби ќе ги откријат и казнат сторителите, а инцидентот преку реакција денеска го осудија и пратениците Александар Николоски Харалампие Шокароски.
OhridNews