МЗТ Скопје и Задар во „мајсторка“ ќе одлучуваат која екипата ќе биде дел од регионалната АБА лига во следната сезона. „Штрковите“ пред своите гледачи ја пропуштија меч топката и прокоцкаа маестрална шанса да го заверат пласманот претрпувајќи пораз 78-77.
Македонскиот вицешампион загуби речиси добиен натпревар и билет за нова авантура во АБА лигата. Избраниците на Ѓорги Кочов во последните десет минути влегоа со 14 позитива, но таа на крајот не се покажа доволна за победа. Задар со одлична игра во решавачките десет минути го изедначи резултатот во бараж дуелот и си обезбеди „мајсторка“ на домашен терен на 30 април.
OhridNews
Фото: Гол.мк